ПИНОКИО-детска претстава
април 1, 2020
Културно-Информативен Центар (Салон 19,19)-Скопје, Филип Втори Македонски б.б. (Моша Пијаде) СКОПЈЕ Get direction

Приказната е богата со авантури на една дрвена кукла, која се смее и плаче, прво станува жива кукла, а потоа и дете, кое поради својата љубопитност и потреба да биде прифатено, како и неговите другари, запаѓа во разни неприлики и животни искушенија, воочувајќи ја разликата меѓу доброто и злото,  се соочува со турбо-фолк музиката и со брзата и нездрава храна кои не се добри за него, првпат се среќава со места кои за него звучат мошне интересно.
Бомардиран со медиуми, социјални мрежи на интернет, поради силната желба да се стане како своите врсници стаува изгубен. Се губи себе си. Но, сепак воочува дека не е битно  колку следбеници имаш на Инстаграм за да бидеш добар другар.
Нормално на помош му доаѓаат пријателите-животни.
Претставата ПИНОКИО е со едукативен карактер, проткаенна со песни и игри, наменета за големи и мали деца.
Представата Пинокио во изведба на Белградската група „My artˮ, е победник на 18от театарски фестивал на престави за деца и млади "ФЕСТИЋ" (2019)

Режија: Семир Гициќ
Ко-продуција: Златен Заб, Скопје и My ART, Белград

 

 

Организатор

Export

Локација

Сподели

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro