„КИСЛОРОД“ *** ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМАТА „БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО***
19:30 to 20:30 - септември 5, 2022
НУЦК Ацо Ѓорчев-Неготино, Даме Груев б.б. Get directions

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМАТА „БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО
Дата: 05.09.2022
Час: 19:30
Локација: НУЦК Ацо Ѓорчев-Неготино
„КИСЛОРОД“- НУ НАРОДЕН ТЕАТАР, Битола
КИСЛОРОД - Според текстот на Иван Вирипаев
Играат: Викторија Степановска-Јанкуловска и Никола Стефанов
Цена на билетот: 100 ден.
Превод: Оливера Павловиќ
Режија и сценографија: Иван Јерчиќ
Костимографија: Марта Дојчиновска
Авторска музика и избор на музика: Александар Димовски
Светло: Никола Ѓеорѓиевски
Шминка и фризура: Стефанија Стојчевска
Видео материјали: Марјан Ѓеорѓиевски
Снимател: Сашо Илковски
Видео оператор: Владимир Переловски
Гостин во видеото: Марјан Наумов
Фотограф: Stisnijovski Photography

КИСЛОРОД е всушност поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе, кои пораснаа заглавени во транзиција и продолжија да живеат во дивиот капитализам, што беше резултат на истата таа транзиција.
Токму таа актуелност на содржината, ни даде можност да направиме претстава која говори и не носи во нашето современие.
Како да се преживее сегашноста, како да се гради иднината, како да се заборави минатото? Некогаш длабоко и инстинктивно праведно, некогаш брутално сурово, ја пишуваме книгата за своите животи на отуѓен, неочекуван, навидум без емоции начин, во ера која не ни остава друг избор. За ова најмногу можеме да научиме ако се нурнеме во своите длабоки размисли и отворено да разговараме за нештата кои не окупираат.
Претставата преку човековата потреба и желба слободно да дише, навлегува длабоко во потребата на човекот да живее... Да живее живот полн с ољубов, среќа, емпатија, солидарност, наспроти одразот во огледало кој се почесто го гледа денешниот човек.

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

  • Театар Провокација

Export

Локација

Order Qty Total
2
1
1

Total quantity sold : 4

MKD / EUR
MKD Македонски денар