ЗЕЛЕНКОВЦИ – театарска претстава за деца
11:00 to 12:00 - декември 2, 2023
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions

Дата: 02.12.2023
Ден: Сабота
Час: 11:00
Локација: Јавна Соба-Public Room
Цена на билет: 220 денари

ЗЕЛЕНКОВЦИ е едукативно еколошка - интерактивна претстава за најмалата публика на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје.

Во годинава во која предначиме по степен на загаденост пред останатите земји, повеќе од алармантно и неопходно е да превземеме чекори со кои треба да ја подигнеме свеста на граѓаните. Токму затоа, како театар чии членови со години се бават со продукција на театарски претстави за најмалите, сметавме дека е потребно активно да делуваме во процесот на подигнувањето на свеста кај најмладите, и со тоа активно да учествуваме во промените за почист воздух и почиста животна средина.

Делувањето врз децата е од особено значење, токму заради навременa едукација која би ги поттикнала добрите еколошки навики кај децата а со самото тоа и создавање на нови генерации кој ќе ги неговуаат вистински вредности со штосвесно и совесно би се однесувале кон животната средина.

Овие деца со своите предзнаења непосредно ќе делуваат и на членовите на своето семејство со што би ги иницирале и повозрасните да се вклучат поактивно во процесите за еколошко- општествените промени за подобрата животна средина.

Во сцените од претставата се опфатени ситуации на несовесно и совесно однесување, кои ги препознаваме од секојдневито, како што се: пешачење возење велосипед наместо користење на автомобил, садење на дрвја и цвеќиња наместо нивно уништување, фрлање на отпадоци во кантитеза таа намена, наместо на кој каде му дојде...

Децата со наша помош ќе донесуваат заклучоци за тоа која постапка е добра а која не и низ интеракција ќе не советуваат како правилно треба да постапуваме. Со самотопретстава ќе ги охрабриме отворено да зборуваат и реагираат, секогаш кога ќе забележат несовесно однесување кон животната средина на друго дете или возрасно лице.

За полесно да ја разберат суштината и пораките кои ги носи претставата, пристапот еприлагоден на нивната возраст. Претставата содржи многу песнички, детска игра и многу интеракција, се со цел, полесно да допреме до нив.

Играат: Мирјана Поповска Ристов, Роберт Ристов, Радо Алексовски  и Изабела Јакимова.

Режија: Роберт Ристов

Организатор

Export

Локација

Order Qty Total
2
2

Total quantity sold : 4

MKD / EUR
MKD Македонски денар