21.12.25 од 11:00 Јавна соба
„ЗАСПАНАТА ДОБРИНА“
„Заспаната добрина“ е новогодишна детска бајка исполнета со хумор, авантура и вистинска празнична магија.
Преку приказната за Рудолф, Милан, Баба и Дедо Мраз, и едно девојче што сите го нарекуваат „лошо“, претставата открива нешто важно: лоши деца не постојат — постојат само деца што понекогаш се тажни, збунети или осамени.
Рудолф се враќа дома по години изгубени во светот на нездравата храна, палавштините и лошите навики.
Но токму кога сè изгледа решено, Тина — девојчето што никогаш не добило подарок — решава да ја уништи Новата година со најнеочекуваниот план: да ја украде Баба Мразица!
Со многу музика, движење, интеракција со децата и комични ситуации, претставата ги води малите гледачи во вистинска новогодишна спасувачка мисија. Милан, Рудолф и децата од публиката се впуштаат во потрага за да ја разбудат добрината во Тина — и да ја спасат Новата година пред да биде предоцна.
На крајот, сите заедно откриваат дека доброто никогаш не исчезнува — само понекогаш заспива, и секогаш може да се разбуди со љубов, пријателство и подадена рака.
Претставата е топла, забавна и едукативна, идеална за деца од 3 до 12 години, со порака што допира до секое срце.
Родители не плаќаат!
Храна и пијалок само со картица !
