ДРАГАН МАЦА МАРИНКОВИЌ 23.08.21 ПРОБИШТИП
21:00 to 22:00 - август 23, 2021

 

Биографија


р. 17.03.1968 (Сараево)

Драган Маринковиќ, попознат како Маца, е босански актер, режисер, телевизиски водител и учесник во реалити шоуа. Иако глумеше во голем број филмови, серии и претстави, публиката најмногу го препознава како телевизиски презентер и учесник во реалити шоуа.

Дипломирал глума на Академијата во Сараево како најдобар актер во својата класа. Играл во  "Камерниот театар 55" во Сараево и во "Ателје 212" во Белград. Настапува во многу театри во регионот, главно играјќи монодрами и мелодрами. Тој одигра повеќе од 50 театарски премиери во театарот, како актер, но и како режисер. Неговите комични претстави, наскоро станаа вистински регионални хитови. Покрај театарската работа, тој е активен и на телевизија, во филмски продукции и серии.

Тој се здоби со посебно искуство на филмското платно соработувајќи со најреномираните светски и домашни филмски актери. Водеше и емисии на различни телевизии, главно со забавен карактер. Тој беше домаќин на квизот "Руски рулет", потоа на емисијата Пинк БХ, "Пиле и Маца шоу". Во 2007 година, тој учествуваше во првата сезона на "ВИП Големиот брат", а две години подоцна во "Големиот брат - ВИП сите ѕвезди". Во 2010 година, тој влезе во реалити  "Фарма" каде го освои второто место. Тој беше во натпреварувачкото жири на "Аудиција", кое траеше две сезони. Ја освои наградата на "Камерниот театар 55" во Сараево за најдобро театарско остварување во сезоната 1999/2000. Маца е многу специфичен со својот изглед, имиџ, но харизмата е она што го издвојува, како и неговата оригинална смисла за хумор.

Драган Маринковиќ Маца е бренд во шоу-бизнисот.
Среќно е оженет по третпат со Јована. А од претходните два брака ги има синовите: Лав и Фјодор-Симеон (идејата за нивните имиња произлегла бидејќи е голем обожувач на руската литература).
Живее и работи во Белград, Србија.
Во Македонија има гостувано многупати играјќи ги неговите комични претстави во преполни сали со публиика. За него секогаш се бара карта повеќе.

Смеата ослободува, опушта, ни помага да ја заборавиме маката, барем за момент. Општина Пробиштип подготви уште една вечер (по стенд-ап настапите на Марјан Георгиевски и гостинките од Србија - Ана Златановиќ и Јелена Мандариќ и гостинот од Босна-Хазим Мујчиновиќ) која ќе изобилува со хумор и смеа благодарејќи на најпознатиот комичар од екс Ју просторите-Драган Маца Маринковиќ.

Понеделник 23.08.21 на секундарниот плштад во Пробиштип тој ќе настапи со својата комична претстава.

Инфо за стенд-ап претставата:

Стендап-комедијата „Мацаглу“- "Добре дојдовте на терапија" е создадена со спојување на познатите театарски претстави "Махалац" и "Џеврасим Цвијан".

Драган Маринковиќ-Маца ги комбинираше елементите на монодрама, мелодрама, кабаре и раскажување приказни од гореспоменатите претстави во стенд ап комичнo шоу. Идејата за делото произлезе од чистата потреба на авторот и изведувачот да доделат автентичност на секоја изведба во личен стил, преку актуелни настани блиски до публиката.

„МацаГлу“ е име кое го содржи и прекарот на актерот по кој е познат, како и професијата актер изречена во жаргон.
Шоуто е наменето за публика +18

 

Организатор

Export

Сподели

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro