„Генерална проба“-театарска претстава
20:00 to 21:10 - ноември 11, 2025
Културно-Информативен Центар (Салон 19,19)-Скопје, Филип Втори Македонски б.б. (Моша Пијаде) СКОПЈЕ Get directions

„Генерална проба“ е претстава за љубовта како недовршена сцена, како вечна репетиција без премиера. Двајца актери, менувајќи маски и идентитети, играат спектар на љубовни врски, од комичност до трагичност, од страст до празнина, од блискост до разделба.
Ова е миг пред премиера, разгорен од желба, ризик и неизвесност.
Ликовите се во бескрајна проба на љубов и страст, секогаш недовршени, секогаш гладни.
„Генерална проба“ НЕ ВЕТУВА ПРЕМИЕРА!!!
Таа останува само генерална проба, како и нашите животи, кои никогаш не достигнуваат совршенство, туку само низа на обиди, репетиции и незавршени љубови.
Лош текст, лоша режија, без крај, без концепт!
Суета, его, надменост, себичност, нарцисоидност-сé што е човекот-актерот!
Пак ќе кажеме-НЕ ВЕТУВАМЕ ПРЕМИЕРА, бидејќи животот го поминуваме во проба-ГЕНЕРАЛНА ПРОБА!
Текст и режија: Радо Алексовски
Играат: Ирена Илиевска и Радо Алексовски
Времетраење: 1 час и 10мин.
Датум: 11ти Ноември
Час: 20:00
Место: Културно информативен центар-Салон 19:19

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА ЛИЦА ПОД 16 ГОД.

Организатор

Ticket detail

Export

Локација

Order Qty Total
2

Total quantity sold : 2

MKD / EUR
MKD Македонски денар