Бескомпромисен стенд-ап е монокомедија во изведба на актерот и драматург СЕМИР ГИЦИЌ.
Темата на оваа стенд-ап комедија е „Малите работи коишто не врзуваат“, а посебен акцент е ставен на ситуациите во кои секојдневно живее малиот човек.
Во неговите настапи нема пцовки, вицеви, евтини метафори, пеење, танцување или какво било друго губење време.
Само час и половина животни ситуации и предрасуди за човечките и нечовечките сорти.
Семир е автор на популарните комедии: „Чекајќи го министерот“ со Лидија Вукиќевиќ, „Внимавај со кого спиеш“ со Мирко Васиљевиќ, „Имаме дојава“, „Дежа ви“, „Пинокио за возрасни“, „Кој ви ја даде претставата“ и многу други.
Понеделник
20.03.23
21:00ч.
Салон 19,19 - Културно Информативен Центар, Скопје
Специјален гостин: Изабела Пан
Билет: 400 денари