Има ли денес останато паметни и итри луѓе?
Или живееме во време во кое е доволно некој да ни каже што да гледаме, што да купиме и во што да веруваме?
Во време на лајкови, следбеници и влијанија, Итар Пејо нè враќа во својот свет - свет на Чорбаџии што имаат сè, а не даваат ништо, Кадии кај кои правдата чудно тежи на вагата и Попови кои по секоја цена мора да бидат најпаметни.
Свет кој на прв поглед изгледа далечен од нашиот...
а можеби и не е толку различен.
Зашто времињата се менуваат, но алчноста, суетата, неправдата и желбата да бидеме во право - очигледно малку потешко.
А меѓу сите нив е Итар Пејо.
Не како најпаметниот човек на светот, туку како оној кој знае кога треба да застане, да погледне малку подобро и - да размисли.
Како што самиот вели:
„Нит сум попаметен од вас, нит повеќе сум читал... само мозокот малку повеќе сум го уклучил.“
Но овојпат, ниту Пејо нема сам да ги носи одлуките.
Публиката станува дел од играта.
Ќе гледа, ќе одлучува, ќе гласа и заедно со Итар Пејо ќе се обиде да ја надмудри алчноста, неправдата и суетата.
Со многу хумор, итроштина и ситуации во кои можеби ќе препознаеме и нешто од денешниот свет, „Академијата на Итар Пејо“ нè потсетува дека не треба да веруваме во сè што ќе видиме и слушнеме - понекогаш е доволно само малку повеќе да го вклучиме мозокот.
А на крајот останува само едно:
Ќе ја заслужите ли дипломата на Итар Пејо?
25.09.2026 | 20:00 ч.
Културно Информативен Центар | Салон 19 19
Режија и текст: Бранко Атанасов
Креативен директор: Драган Божино
Играат: Давид Димоски, Сара Спиркоска Костадиновска и Бранко Атанасов
Цена на билет: 300денари
Времетраење: 60минути
Претставата е наменета за +12 годишна возраст.
