25.12.25 во КИЦ Салон 19,19 од 19:00ч.
,,ДЕДО МРАЗ ОСЛАБЕЛ" - ДЕТСКА НОВОГОДИШНА ПРЕТСТАВА
возраст: 3+
Највеселата, најсмешната и најмагичната новогодишна авантура е конечно тука! „Дедо Мраз ослабел?“ е интерактивна детска претстава полна со музика, танц, хумор и големо срце.
Но оваа година, нешто чудно се случува во Снежниот град – Дедо Мраз одеднаш ослабел толку многу што никој не го препознава!
Едно лошо недоразбирање, малку магија и еден стар пријател – Батко Мраз, кој решава да се одмазди – ја втурнуваат приказната во смешна, динамична и супер поучна новогодишна мисија.
![]()
Децата се клучни херои! Само нивната смеа, енергија и игрите во живо можат да му ја вратат радоста на Дедо Мраз и да ја спасат Новата година.
Претставата носи важна порака: Да се различен не е проблем – магијата живее таму каде што има прифаќање, игра и другарство.
Многу музика
Многу смеење
Многу магија
И големото финале – кога сите заедно ја враќаат Новата година!
Цена на билет: 200 денари
Напомена: Во овие услови се плаќа билет од седиште!
ДЕДО МРАЗ ОСЛАБЕЛ- детска новогодишна претстава
19:00 to 19:40 - December 25, 2025
Културно-Информативен Центар (Салон 19,19)-Скопје, Филип Втори Македонски б.б. (Моша Пијаде) СКОПЈЕ Get directions
