STAND UP COMEDY NIGHT
21:00 to 23:00 - October 16, 2022
THE YARD KUMANOVO, Sokolana

STAND UP COMEDY NIGHT
СТЕНДАП КОМИЧНА ВЕЧЕР
НЕДЕЛА
16.10.22
21:00ч.
КУМАНОВО
THE YARD LOUNGE BAR

1. ЈАГОДА ЈОВАНОВИЌ

Јагода е поранешен дипломат која се занимава со стенд-ап (таа е дел од најпознатата женска стенд ап група "Жените кои зборуваат"/ Žene koje pričaju) и спасува напуштени кучиња на улица. Моментално ја пишува книгата "Како да си го зафркате животот во два едноставни чекори". Таа живее во Белград со сопругот кој е Шпанец, со синчето кое има хавајско име Каи и бебето Нил кое го носи во стомакот. Ако мислите дека тоа е невообичаено, почекајте да слушнете како се презиваат децата. За некои Јагода е сила на природата, а за други таа е будала. Вистината е дека Јагода нема да остане должна ниту на животот ниту на публиката.

2. ИВАНА НАСКОВА

Дипломира и магистрира во Скопје.
Долги години македонската јавност ја познава како Радио и Тв водителка.
Автор е на романите со љубовна тематика: „Совршениот странец", „Вети ќе ме сакаш", „Секогаш те одбирав тебе" , и на трилерот „Сестра".
Работи стендап повеќе години. Има успепешни настапи низ Македонија и надвор од земјата.
Хуморот на Ивана опфаќа шеги на сметка машко-женски односи, бракот и врските.
Едно секојдневие набљудувано од окото на Ивана, ситуации и приказни во кои ќе се пронајдете.

3. ХАЗИМ МУЈЧИНОВИЌ

Актер, стендап комичар, радио и телевизиски водител и шоумен.
Актер и извршен продуцент во театарот „Кабаре Тузла“ (одговорен за фестивали и претстави).
Работи како продуцент на Босанскиот културен центар (БКЦ) - Тузлански кантон.
Филмски и ТВ актер во: ТВ серија:
„Луд, збунет, нормален“ - (Lud, zbunjen, normalan), „Ние сме два различни света“, „Глава низ ѕидот“
„Љубов кон книгите: Приказна за Сараево“ / “The Love of Books: A Sarajevo Story” (2011).
Продуцент и стенд-ап артист (повеќе од 9 години) на „Stand Up Comedy Made in Bosnia“.
ТВ и радио водител (повеќе од 10 години, водител на ТВ и радио медиуми, утрински водител на „Утро за сите“ -БХРТ и радио водител и уредник на утринската емисија на радио Камелеон - Радио утро со Хазим).
Како е да се биде Босанец меѓу Босанците? Босанец во остатокот од светот? Како е да се биде актер меѓу другите занимања? Како се снимаат филмови? До кога ќе се снима серијата "Луд, Збуњен, Нормалан"? Како е да се биде порно актер? Кога Босанците одат на море? Зошто Хрватска има најдобра репрезентација, а Босна и Херцеговина најдобри навивачи? 1000 зошто и 1000 зошто ќе дознаете во неговото стендап шоу

4. СРЃАН СЛИЈЕПЧЕВИЌ

Првиот стенд ап комичар од Зрењанин.
На неговите стенд ап настапи може да слушнете зошто завесите се една од најголемите пречки во врската, како е да растеш како Херцеговец, како и зошто добиваш забрана за влез во ЕУ, кои се најголемите проблеми во машко-женски односи и како да се избркате од работа каде сте се вработиле преку врска.
На овие и многу други теми ја насмееа повеќе пати публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.
Она што го издвојува секое негово шоу е тоа што после секој настап се враќал дома. И тој и публиката.

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО:

THE YARD LOUNGE BAR

Organizer

Export

Location

Please add the product shortcode attribute when not displaying on a Product's page
MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro