„Љубопитната принцеза“- претстава за деца
11:00 to 11:50 - November 1, 2025
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions

Драги љубители на театарот, ве покануваме на незаборавната бајка на која никој не останал рамнодушен! „Љубопитната принцеза“ е претстава која децата повторно и повторно ја бараат, поучна, забавна, интерактивна, облеана со прекрасна класична музика!
Токму оваа е една од првите поставени детски претстави на патувачкиот „Театар Колозов“, која живее со традиција над 40 години и ја паметат, зборуваат генерации. Ова е трето поставување кое нуди можност и нашата нова млада публика да ја доживее.Претставата е со комплетна оригинална костимографија и сценографија.

🎭 Улогите ги толкуваат професионалните актери од Театар Колозов:
Пируника Киселички - љубопитната принцеза Деница
Владо Дојчиноски - царот
Дубравка Киселички - лошата самовила Лошка
Давид Илиќ- принцот Љубен

💃 01.11.2025 Сабота, Јавна Соба / Public Room, 11:00 часот.

🕐Времетраење: 50 мин.
🎫Цена: 300 денари
Влезот за возрасните е бесплатен!
Местата се ограничени!
❗️ Напомена: пијачките и храната во Јавна соба / Public room се наплаќаат само преку картичка.
Бидете добро и се гледаме на претстава! 🥰
За „Театар Колозов“ :
„Театар Колозов“ е првиот патувачки театар и за деца и за возрасни во Македонија кој датира уште од минатиот век. Добро познат низ нашата татковина по своите настапи на познатите актери: Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова, Дубравка Киселички, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Гоце Влахов и други. Театарот е сеуште активен и  продолжува со дел од старата гарда и свежи имиња од овој век кои неуморно одат по истите чекори и одговорно го задржуваат реномето на овој театар: Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Давид Илиќ и други.

Organizer

Ticket detail

  • Цена 300 Ден   Седишта 30
  • Купи Карта
    Submit

Export

Location

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro