Театарски фестивал „5РЕ“-ЖАРКО ЈОВАНОВИЌ
20:00 to 21:00 - May 21, 2023
Театар Јордан Х.К. Џинот-Велес, ул. Благој Ѓорев ББ ВЕЛЕС Get directions

Ви го најавуваме второто издание на Театарски фестивал „5РЕ“ во чест на Петре Прличко, најголемиот меѓу актерите на македонската театарска уметност.
✨Општина Велес и Плус Публика ве покануваат да присуствувате и уживате во извонредната театарска програма од 15 до 21 мај!

Овој понеделник, 15 мај, започнува второто издание на театарскиот фестивал "5ре"! Под покровителство на Општина Велес, а во организација на ЗГ Плус Публика доајенот на македонското актерство Петре Прличко продолжува да живее преку најактуелните театарски претстави и стенд ап изведби.
Воедно, во рамки на фестивалот ќе биде доделена и актерската награда за животно дело "Петре Прличко" за која трочлената жири комисија одлучи оваа година да ја добие нам добро познатиот Јордан Витанов, докажан во својата долгогодишна кариера.

Програма:
15 мај понеделник
„КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ“
Драмски театар Скопје
Почеток: 20 часот

16 мај вторник
„ИЛУМИНАТИ“
Театар Комедија Скопје
Почеток: 20 часот

17 мај среда
„КАКВА ТИ Е ЖЕНАТА, ТАКОВ ТИ Е ЖИВОТОТ“
Драган Маринкоовиќ Маца
Почеток: 20 часот

18 мај четврток
„СЕКС И ЛАГИ“
Народен Театар Куманово
Почеток: 20 часот

19 мај петок
„ЕНЕРГИЧНИ ЛУЃЕ“
Народен Театар Охрид
Почеток: 20 часот

20 мај сабота
„ЛЕ КРЕТЕН“
Народен Театар Штип
Почеток: 20 часот

Придружна програма:

20 мај сабота
„СКАЗНА ЗА РИБАРОТ И РИПКАТА“
(театарска претстава за деца)
Театар Колозов
Амфитеатар – Младински парк
Почеток: 12 часот

21 мај недела
„СТЕНД АП ШОУ СО ЖАРКО ЈОВАНОВИЌ“
Свечено затворање на фестивалот
Почеток: 20 часот

Days
Hours
Mins
Secs

Organizer

Export

Location

Please add the product shortcode attribute when not displaying on a Product's page
MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro