Име на настан: Секогаш Последни
Датум и час: 18.11.24 - 20:00
Локација: Дом на Култура “Билјана Беличанец”
Цена: 300 денари
Играат, режираат, креираат и се глупираат: Виктор Бужаров и Жарко Јовановиќ
Креативен советник: Натали Спасова
Дизајн на постер и морална поддршка: Елена Клековска
Виктор и Жарко отидоа до Прага да прават пост-апокалиптична, дистописка претстава. Прага ко Прага, полна со пиво и журки, малку ни ги заведе нашите порочни актери и ги однесе во една сосема поинаква насока, па од егзистенцијална драма претставата се претвори во комедија. Се вратија назад со празни раце, на празна сцена, со потрошен хонорар, а закажана премиера. Се што им останува сега е да излезат на 18ти Ноември пред полна сала, и да пополнат саат време претстава, како знаат и умеат– а вие може да дојдете и да се смеете со нив, или да им се смеете на нив.
*Претставата е реализирана преку резиденцијална мобилност поддржана од Гете Институт и Министерство за култура и туризам