Низ комичната приказна на Љупка и Љубица ќе научиме да препознаваме основни емоции!
Важно е за децата да ги разбираат емоциите бидејќи тоа им помага да ги разберат сопствените чувства, да развијат емпатија и да развиваат здрави односи.
Истото тоа влијае и кон подобрување на нивното ментално здравје.
Образовна цел: Да ги научиме децата на различни видови емоции како радост, тага, страв, лутина...
Емпатична цел: Да им помогнеме на децата да разберат како нивните емоции влијаат на нив и на другите околу нив.
Креативна цел: да ги поттикнеме децата да ги изразуваат своите емоции преку уметноста и креативната игра.
Вклучува интерактивни моменти каде децата ќе можат да учествуваат во приказната преку одговарање на прашања и да изразат свои емоции преку ликовна работилница на крај. Актери: Анастасија Ласовска и Ангела Лефкова
Текст и режија: Изабела Јакимова
Датум: 03.11 НЕДЕЛА 11:00
ЈАВНА СОБА
ЦЕНА НА БИЛЕТ: 300 ДЕН
РОДИТЕЛИ НЕ ПЛАЌААТ!
Љупка и Љубица-детска интерактивна претстава и работилница
11:00 to 12:00 - November 3, 2024
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions