Авторот на култната емисија „На Рубу Знаности“, легендарниот Крешимир Мишак повторно во Македонија со три предавања во Скопје!
Повеќето истражувани „парапсихолошки“ појави, на овој или оној начин, се темелат на синхронизација. Сврзната точка на таа синхронизација е самиот човек – тој е тој алат, уред и набљудувач, поради што таа тема (барем додека не се променат темелните поставки на современата наука која смета дека постои објективен свет некаде таму надвор, надвор од нашата кожа и череп, од кој сме изолирани) упорно останува во подрачјето на некаква наводна пара-... или псевдонаука. Иако всушност се работи за тоа дека современата парадигма на светот е претесна за смислено да ги интерпретира тие феномени. Затоа, многу нејзини верници попрво се однесуваат како тие – инаку објективно мерливи, но тешко поновливи феномени – воопшто да не се случуваат. Тоа не значи дека вистинските научни умови не се впуштаат и во тие подрачја, па веќе е историско познато заедничкото истражување на синхроницитетот на физичарот Волфганг Паули и психијатарот Карл Јунг, но и на други.
