РУДОЛФ И ЕЛФ - Новогодиша претстава за деца
Претставата ,,Рудолф и Елф” е детска интерактивна претстава инспирирана од приказната за Снежната Кралица, која е и главниот негативец.
Претставата раскажува една приказна во која царува другарството помеѓу Рудолф и Елф.
Тие се најдобри другари кои обожуваат да си играат, пеат и да читаат приказни, и секако да му помагаат на Дедо Мраз.
Но, нивното другарство и добрина, во еден момент ќе биде прекинато од магијата на Снежната Кралица која има сосема спротивни цели: да ги направи сите во ледени фигури и да ја уништи Новата година.
Па така ќе успее да го зароби Елф и да го претвори во лош волк, кој ќе има задача да го зароби Рудолф.
Под дејство на магијата, Волкот нема да знае дека Рудолф е всушност неговиот најдобар другар, па така и ќе ја оствари зададената задача.
Но сепак постои едно решение за овој проблем!
Нивната заедничка песна! Рудолф и другарите од публиката, пеејќи ја песната за другарство ќе успеат да го претворат волкот повторно во Елф и да го омекнат срцето на Снежната кралица!
Дедо Мраз и Новата година ќе бидат спасени! А елката заеднички накитена!
Екипа:
Анастасија Ласовска - Снежна Кралица
Изабела Јакимова - Рудолф
Гоце Андонов - Елф
Ане Блажовски - Поштарот/Дедо Мраз
Авторски текст на: Изабела Јакимова
Музика: Јоана Симоновска
Светло: Магдалена Младеновска
Режија: Изабела Јакимова
Новогодишната претстава за деца е интерактивни и едукативна во времетраење од 30 до 40 минути.
Децата постојано имаат можност да даваат одговори и да помагаат во барањето на решение. Користејќи ја оваа конвенција, прегу интеракција, игри и комуникација, децата побрзо учат и паметат.
Вклучени се и во заедничкото пеење и китење на елката.
Едукативни моменти:
Социјализација и дружба - Развивање емпатија - Вклучување во уметнички и креативен процес - Разликување помеѓу добро и лошо - Важноста на другарството -
Авторката на текстовите на претставите за деца е македонската актерка Изабела Јакимова (Бека Пан)
Изабела работи со детски претстави повеќе од шест години. А е особено позната меѓу младите со нејзината улога во ТВ серијата “ПЕТ ПЛУС” каде ја игра Алек.
Освен тоа е добитничка на Златна плакета за најдобра улога во краткометражниот филм “Донка”, како и најдобар актер за дуо драмата “Ожени ме” на фестивалот “Бранко Ѓорчев” во Неготино.
Изабела работи со деца со веќе претходно смислен концепт. Игрите и вежбите се создадени низ процесот на магистерската која моментално ја завршува во Нови Сад, Србија.
Освен забава, низ нејзините претстави, децата се едуцираат на најразлични теми, ја развиваат моториката како и комуникациските вештини.