Промоција на книга “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска
11:11 to 12:00 - October 16, 2024
Дом на култура Ѓорче Петров, Скопје

Почитувани,

Во среда 16 октомври  2024 година од 11:00  часот во  Домот на култура во Ѓорче Петров ќе се  одржи  промоција на книгата "Летот на мојата гулабица" од авторката Светлана Јаневска-Богданска.
Книгата е вистинска приказна за една безвремена љубов. Љубов кон мајката како еден од семејните столбови и прерано загубената битка со ракот.  Содржи 225 страни и е двојазична на македонски и на англиски јазик.  Рецензентите на оваа книга се писателот Горјан  Петревски, писателката Марија Костадиновска и естрадниот уметник и тв водител Јулија Мациевска.
Посебно интересен е фактот што најверојатно за првпат на иста сцена ќе се случи да настапат повеќе водители од телевизиските куќи во Скопје, Македонија кои и даваат поддршка на авторката (и поранешна колешка) во овој  хуманитарен  проект, бидејќи пред  се' има цел подигање на свеста во борба против канцер на грло на матка. Фрагменти од книгата ќе читаат:
-Ирена Пепељуговска-Цветановски  од Тв Алфа,
-Ивана Мангароска од Тв Телма,
-Симона Илиеска од Мтв1,
-Ера Ѓакова од Тв Алсат-М,
-Александра Пановска - Илиевска одТв Канaл 5,
-Викторија Петровска од Тв Сонце,
-Валентин Петрески од Тв  Сител,
-Александра Бела Вуксановиќ од Тв Слободен печат
-Билјана Дебарлиева од Тв 24.

,

На промоцијата ќе се користи видео бим на кој ќе бидат споделени фотографии и преку кој ќе има директно вклучување на авторката во живо од  Мелбурн, Австралија.

Со свој настап промоцијата ќе ја збогатат и музичката група  "Бендот на браќа Нуне" заедно со Мими Јовановска  кои ќе настапат со нивната песна  "Мајка".

Меѓу присутните почесни гости ќе бидат и:
Виолета Томовска  (естраден уметник и претседател на здружението за борба против канцер"Животна Искра"),
Милица Кузмановска (естраден уметник и претседател на здружението за борба против канцер "Фемина М"),
Емануела Додева (претседател на здружението за борба против канцер "Езра"),


На крајот од овој настан е предвиден мал коктел овозможен од пријателите и поддржувачите на авторката и нејзиното дело (Vincinni, MiniPani, Тиквеш, Дати Еуро Маркет-Сарај, цвеќара Сончевина-Bloom).
Промоцијата е во организација на Продукцијата Златен Заб, а книгата ќе може да се купи на нивната платформа auroom.store
Порака од авторката Светлана Јаневска:  "Негувајте ги вашите спомени и негувајте ја вашата сегашност. Споделете ги вашите среќни спомени и споделете ја вашата тага со оние кои ве сакаат. Споделете ја вашата приказна, можеби токму со научените лекции од животот ќе заздрават побрзо и другите околу вас, со разбирање на нивната болка. Да направиме разлика денес, да зборуваме отворено со цел навреме да се заштитиме, советуваме и помогнеме за да продолжиме нечиво животно патување".

Кратка биогравија за авторката
Светлана Јаневска е родена во Скопје. Од дете е љубител на пишаниот збор. Чита многу, раскажува уште повеќе и најверојатно и поради тоа станува успешен новинар. Во средношколските денови се вљубува најпрво во радиото, каде работи неколку години во радио „МЈ“, а подоцна додека студира на Педагошкиот Факултет во Скопје љубовта ја насочува кон телевизијата како медиум. Започнува во утринската програма на националниот сервис МРТВ, снимајќи прилози и правејќи интервјуа за „Утринско огледало“. Вниманието и посветеноста кон македонските корени и традиција, и овозможуваат да биде забележана и во Редакцијата за Народна музика во истата ТВ куќа, водејќи емисии, фестивали, промоции. Работи и како водител и новинар на ТВ Телма во емисиите „Седмиот ден“ како и уредник на „Лето на Телма“. Еден период беше дел и од весникот „Тендерник“. Соработката со медиумите ја продолжува и во Австралија со „IN TV“, а во истата земја се здоби и со сертификат за едукција. Седумнаесет години живее и работи во Мелбурн каде има своја фирма „Svetlana's Events & Cakes“  со која зема учество на разни фестивали и хуманитарни настани, особено донирајќи за борба против ракот на дојка. Љубовта кон македонската култура и литература, традиција, музика и кулинарство од сѐ срце им ја пренесува на своите два прекрасни сина. Ова е нејзина прва книга напишана и посветена на нејзината мајка, која ја изгуби битката со ракот на грлото на матката.

Organizer

Export

Location

Please add the product shortcode attribute when not displaying on a Product's page
MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro