МОБИЛЕНД – Новогодишна претстава за деца
11:00 to 12:00 - December 9, 2023
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions

Дата: 09.12.2023
Ден: Сабота
Час: 11:00
Локација: Јавна Соба-Public Room
Цена на билет: 220 денари

Претставата ,,Мобиленд” е детска интерактивна претстава за деца и млади (4-14 години) која ја обработува темата за дигитализација.
Оваа претстава има за цел да ги научи младите правилно да ја користат технологијата и да научат да направат баланс.
Да ги потсети на негативните страни кои може да се појават од прекумерно користење на истата.
Преку приказната на ликовите Теа и Супер Сонко, кои се обидуваат да ја спречат тоталната дигитализација и создавање на свет на роботи, оваа претстава се обидува да прикаже дека младите можат да изберат баланс и здрави навики и дека тоа ќе им помогне да живеат здрав и среќен живот.
Претставата не сака да прикаже целосно негативно влијание на мобилните телефони, интернетот, компјутерите, напротив, сака да повика децата да воспостават баланс и да преку истата ги врати во функција игрите во природа, спортот и комуникацијата помеѓу дечињата аналогно, а да дигиталниот свет сеуште остане во функција но не 100%.
Сведоци сме дека прекумерното користење на технологијата не само што влијае на нивното психичко здравје, туку предизвикува и трајни негативни промени на физичкиот развој (подгрбавеност, проблеми со вид, млитавост, проблеми со фокус и концентрација), па затоа сметаме дека оваа претстава има огромна едукативна важност.
Синопсис Теа, Давид и Леа го средуваат маалото (за Нова година).
Си играат во нивното маало и украсуваат.
Тројца најверни другари кои обожаваат да играат малски игри!
Во текот на активноста им се придружува новото момче Симеон, кое сака да се дружи со нив но повеќе сака да седат и да играат на мобилен телефон.
Неможејќи да претпостават дека Симеон има за цел да создаде свет на роботи
Мобиленд, децата ја прифаќаат неговата игра.
Тој успева да ги изманипулира и зароби, па така ги претвора во роботи сите освен Теа.
Теа сакајќи да си ги врати другарчињата, го бара на помош Супер Сонко.
Но Супер Сонко има голем проблем. Заспива на сред разговор.
И исто е прилично несмасен. Но сите останати супер херои се зафатени, а ако ништо друго, Супер Сонко во соновите ги добива најдобрите идеи!
Двајцата заедно, со помош на публиката, бараат решение за овој модерен проблем.
Дали Теа и Сонко ќе успеат да ја спасат Новата година и да го спречат создавањето на Мобиленд?
Останува да видиме...
Како се вклучени децата од публика?
Претставата е интерактивна.
Децата постојано имаат можност да даваат одговори и да помагаат во барањето решение за да се спречи создавањето Мобиленд.
Користејќи ја оваа конвенција, прегу интеракција, игри и комуникација, децата побрзо учат и паметат.
Едукативни моменти - Социјализација и дружба - Развивање емпатија - Вклучување во уметнички и креативен процес - Правилно користење на мобилни телефони, барање баланс - Кои се негативните последици од прекумерно седење на мобилен телефон -
Како можеме да добиеме позитивно искуство од интернет, а што треба да одбегнуваме
Актери: Благој Јовановски Ана Димитрова Гоце Андонов Изабела Јакимова Јована Зајкова Ане Блажевски (Дедо Мраз во Новогодишната верзија)
Авторски текст на: Изабела Јакимова
Режија: Колективна
Музика: Јоана Симоновска

Organizer

Export

Location

Order Qty Total
1
2
3
5
1
1
2
2
5
20
5
2

Total quantity sold : 49

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro