,,Мачорот во чизми” -ПРЕМИЕРА-детска театарска претстава
11:00 to 11:40 - October 11, 2025
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions

✨ПРЕМИЕРА✨

🌟Новото детско патување во светот на фантазијата направено од театарот Арториум. И тоа не со било кој лик, туку со најфраерскиот лик во чизми, кој и денес е симбол за довитливост и храброст.

,,Мачорот во чизми'' е нашата нова детска театарска претстава адаптирана според добро познатата бајка на Шарл Перо, но со модерен и интерактивен пристап бидејќи во оваа претстава нашата најмила публика- децата се соиграчи и соучесници во приказната.🎈

⭕️Главниот јунак во оваа драма е насловниот лик Мачорот во чизми кој со интриги, измами и лаги успева да ги исполни сите желби на својот господар. Главен двигател за целото дејство е секако желбата на чесниот и добар господар, но сепак најважниот порив е искрената љубов за која секогаш вреди да се бориме! 😻

✨,,Дали само силната желба е потребна да си ги оствариме нашите соништа или сепак треба да се потрудиме самите?
Колку е важно да работиме за нашите соништа?
И кој е вистинскиот пат за да се исполнат?’’ – се дел од прашањата на кои заедно со публиката ќе го најдеме вистинскиот одговор!
Секако покрај вистинските вредности како љубовта, чесноста, оваа претстава нѐ учи да се радуваме и да го цениме секој подарок.
Да не ја гледаме само материјалната вредност на подарокот и да бидеме благодарни за секој кој ќе посвети внимание на нас- иако можеби навидум на почетокот ќе ни изгледа непотребно, не знаеме кога и како ќе ни затреба!✨

Играат: Бранко Атанасов, Давид Димоски и Стефанија Начевска

Режија и текст: Бранко Атанасов

Креативен директор: Драган Божино

Продукција: Арториум

📍Место: Public Room

📆Датум: 11.10 (САБОТА)

⏰Почеток: 11часот

Времетраење: 40минути

🔴Адаптирана за деца од 3 до 12 години.

Цена на билет: 300 денари.

 

Organizer

Ticket detail

  • Цена 300 Ден   Седишта 100
  • Купи Карта
    Submit

Export

Location

Order Qty Total
2
2
2
1
2
2
1
2
2
8
1
1
1
1
1
1
2
1
2
1
3
1
3
1
1
1
1
2
2
1
3
2

Total quantity sold : 57

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro