Бескомпромисен стенд-ап е најпопуларната монокомедија во изведба на актерот и драматург СЕМИР ГИЦИЌ.
Темата на оваа стенд-ап комедија е „Малите работи коишто не врзуваат“, а посебен акцент е ставен на ситуациите во кои секојдневно живее малиот човек.
Во неговите настапи нема пцовки, вицеви, евтини метафори, пеење, танцување или какво било друго губење време.
Само час и половина животни ситуации и предрасуди за човечките и нечовечките сорти.
Со оваа комедија Семир ги наполни најголемите сали на поранешна Југославија, што се должи на неговите сегашни телевизиски улоги, популарноста на социјалните мрежи, но и поради неговиот специфичен и автентичен израз.
Монокомедијата под наслов „БЕСКОМПРОМИСЕН СТЕНД АП“ е изведена повеќе од 100 пати, во Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и пошироко.
Публиката моментално има можност да го гледа Семир во улогата на Чедо во серијата „Попадија“ на Тв Прва, во играно-музичката програма „Весела вечер“ на РТС во улогата на Момо и во стенд-ап шоуто „Кажи 8“ на Тв Прва .
Семир е автор на популарни драми: Внимавај со кого спиеш, Љубовни игри, Чекајќи го министерот, Имаме дојава, Пинокио за возрасни, Кој ти дал претстава, Дежа ву и многу други.
Тој е победник на новогодишното издание на квизот Најслабата алка за комичари на Тв Прва.
Недела
25.02.24
21:00ч.
Салон 19,19 - Културно Информативен Центар, Скопје
Билет: 500 денари