
Продукцијата ЗЛАТЕН ЗАБ од Скопје во копродукција со My Art од Белград ги повикува сите заинтересирани актери на возраст помеѓу 22-40 години на АУДИЦИЈА за детска претстава ПИНОКИО (од Карло Колоди) и тоа за улогите: Пинокио/Ѓепето/Штурчо/Самовила.
Сите примени актери ќе добијат и дополнителна улога во претставата. Аудицијата ќе се одржи на почетокот на месец Јули.
За потребите на аудицијата потребно е да се подготви сцена од адаптираната претстава, која ќе се чита со режисерот, кој го прави кастингот. (Не е задолжително да се научи сцената напамет). Добредојден е талент за пеење, но не е услов. Текстот за аудицијата (сцена од претставата) ќе го добиете по електронска пошта или може да го превземете од нашата веб страница.
Пријавите се поднесуваат најдоцна до 01.07.2020 год на нашата веб страница со прикачување на кратка биографија и фотографија.