Сите граѓани на градот Пробиштип и околината по сите можни протоколи (маски, растојание и дезинфекција) се поканети да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против глупоста, политиката, тик токот, учебниците, кинезите и лилјаци, Бил Гејц, 5џи, од машки глупости, од женски глупости, од инфлуенсерки, од мрзата, од завидлук, од оговарање од Вести на Тв, од макфест во Штип :) и од се останато што ве мачи. Ваксајн ис каминг.
МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ
Дипломиран актер, магистар по театарска режија, стендап комичар, студент по Психологија.
Вработен како актер во Народниот театар во Битола и редовно игра во претставите на репертоарот на Н.Т. Б.
Глумеше во Тв серијата „Тврдокорни“ и филмовите „Балканот не е мртов“ и „До балчак“ .
Активно се занимава со стендап комедија (со повеќе од 700 настапи низ Македонија).
Ги користи медиумите за креирање на содржини кои се поврзани со стендап комедијата, анализирајќи како системот делува врз поединецот во општеството.
Пишува сценарија за Тв емисии, претстави и книгата „Јас и ти“ (2021год.)