COMEDY ROOM – МАРЈАН и СЕМИР
22:00 to 23:00 - јули 25, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН:



СЕМИР ГИЦИЌ

Завршил гимназија и музичка школа за хармоника во Нови Пазар.
Студирал на Академијата за театарски и филмски уметности, а дипломирал на Катедрата за глума во класата на Проф. Енвер Петровци на Интернационлниот Униврзитет во Нови Пазар.
Обавувл функција на в.д. директор на Заводот за култура на Бошњаците од Санџак во Србија.
Пишувал редовно колуми за ревијата „Санџак”.
Бил наратор на аудио читанки за прво и второ одделение за основни училишта од издавчката куќа „Клетт“.
Активен е предвач во Школата за глума во Нови Пазар, Сјеница, Панчево и Инџија.
Член е на Здружението на драмски писатели на Р. Србија.
Семир Гициќ е автор на популрните комедии:
„Внимавај со кого спиеш” I i II дел
„Чекајќи го министерот”, каде глуми заедно со Лидија Вуќичевиќ
„Имаме дојава”
„Пинокио за возрасни”
„КВДП”
„Дежа Ву”
„Пазарски приказни “ е авторска Тв серија на Семир Гициќ, во која тој беше и водител.
„Списокот на неподносливите сорти на луѓето“ е тема во неговата нова безконцептуална стендап комедија.
Семир Гициќ, можеби, ни кажува дека само во лудилото постои систем, дека секој апсурд е пологичен од реалноста во која живееме, која се менува од час во час, многу ретко според правилата на здравиот разум. Кога човек ќе помисли дека нешто се завршило, дури тогаш почнува, кога веурува дека се разбрал, дури тогаш е измамен, по којзнае кој пат.
Во неговите настапи нема вицеви, ефтини метафори, играње и друго трошење на време за бадијала.

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар