15.04.26
21:00ч.
Јавна соба-Public Room-Скопје
Цена на билет: 700 денари во предпродажба 800 денари на ден на настан
Комедијата што собори рекорди во гледаноста низ целиот Балкан и дијаспората, а брзо ја распродаде и салата на скопската Опера и балет минатата година, се враќа во Скопје. Духовита и жива комедија што носи единствена перспектива за балканското секојдневие, во која смеата и сериозноста се испреплетуваат побрзо отколку што човек може да сфати што му се случило.
Во главните улоги Наташа Аксентијевиќ и Семир Гициќ ја пленат публиката низ секоја сцена, прикажувајќи ја суштината на едно балканско семејство - каде што љубовта, недоразбирањата, страста и вечната борба со секојдневието се одвиваат истовремено.
Претставата носи квалитетен хумор, без вулгарности или евтини шеги, но со многу вистина и препознатлива иронија.
Покажува дека најголемата комедија лежи токму во нашите секојдневни слабости и мали семејни битки.
Покажува дека најголемата комедија лежи токму во нашите секојдневни слабости и мали семејни битки.
Публиката ќе се смее, ќе се препознае себеси и своите најблиски и ќе си оди дома побогата за едно срдечно театарско искуство кое нема лесно да го заборави. Затоа, дојдете и погледнете комедија каква што никогаш порано не сте виделе и уверете се сами зошто кината насекаде се распродадени!
