Двете ќе бидат само продолжение на трендовите кои веќе се во полн замав.
Дигитализацијата на светот незапирливо води кон „учитување“ на луѓето во cloud, нешто што веќе го најавуваат најистакнатите трансхуманисти, и тоа во рамките на неколку децении од денес.
Од друга страна, сè поголемото разбирање на последиците од современите трендови кај значајно малцинство создава одлука тие да не дозволат тоа да им се случи.
Денес сè уште е возможен соживот, на пример, меѓу некого што ги користи сите технолошки предности на паметните телефони и некого што ги сведува на најниско можно ниво. Но, во моментот кога на мнозинството ќе му се наметне нов стандард (на пример, вградување чип без кој нема да биде можно ниту да се влезе во компанијата во која работат или во сопствениот дом, или ќе биде невозможно да се плаќа во продавница без чип, или да се купи било каков фрижидер или дури автомобил, освен паметен, управуван низ сообраќајот од комплексни вештачки интелигенции, или кога стандард ќе стане севкупната зависност од информации од Google, на кој ќе се поврзуваат безжично преку чип во мозокот…) ќе биде сè потешко да се остане аналоген човек.
Зошто воопшто би било мудро да се направи тоа, е темата на ова предавање.
Темата за која станува збор е истовремено медицинска, економска, научна, компјутерска, етичка, филозофска и духовна, но пред сè станува збор за среќата и исполнетоста на човекот.
Билети во предпродажба - 500мкд до 17/02, од 18/02 - 700мкд
