ЈАВНА СОБА И ЗЛАТЕН ЗАБ СО ГОРДОСТ ПРЕТСТАВУВААТ
29 ЈАНУАРИ 2026г. 20:00 ч. во СКОПЈЕ
СЕКОЈДНЕВНА КОМА – СТАНД-АП КОМЕДИЈА ОД ИВАН ТОМИЌ
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЕДНО НЕОБИЧАЕНО ИСКУСТВО!
Подгответе се за вечер полна со смеа, мудрост и изненадувања со Иван Томиќ, искусен актер кој со децении е на сцената, во филмот и на телевизија!
Ова е повеќе од комедија, тоа е вистинско автентично патување низ животот, зачинето со хумор.
Во „Секојдневна кома“, Иван повторно се прашува: Што имаат заедничко жените, децата, кредитот и Хашкиот трибунал?
Дали сакаме жена која била во војска?
Каква е врската помеѓу победникот на Математичката олимпијада и раженчињата од не'рѓосувачки челик?
Може ли српска народна песна да се пее на англиски?
Дали е можно да се биде во форма по педесет години?
И тоа не е крајот! Подгответе се за рап на средовечен бел маж и оригиналниот предлог за песна за Евровизија од Иван и понуда што нема да ја добиете на ниедно друго шоу.
Билетите се во продажба на zlatenzab.mk по цена од 400 денари и 500 денари на ден на настап.
Дојдете и потопете се во комична кома - затоа што животот е премногу сериозен за да се сфати сериозно.
Се гледаме во Скопје!
ВО ЈАВНА СОБА ХРАНАТА И ПИЈАЛОЦИТЕ СЕ НАПЛАЌААТ САМО СО КАРТИЧКА!
