БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С4Е10 Книга „Траги од минатото” од ДАЛИБОР ТРАЈКОВ

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ
е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.

Гостин:Далибор Трајков
Роден на 18 ноември 1981 година во Кавадарци, а инаку по потекло е од Росоман. Основно училиште завршува во ОУ” Пере Тошев” во Росоман. Завршува средно полициско училиште во Скопје, по што започнува со работа во Министерството за внатрешни работи, во полициската станица во Кавадарци. Моментално е инспектор за општ криминалитет. Дипломира на универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, а по неколку години се стекнува и со звањето магистер по Јавна Администрација на Правниот факултет. Оженет, татко на две деца. Негови први објавени дела се раскази кои се дел од меѓународните збирки со раскази од конкурсите на Фондацијата Такец во Битола, каде во 2020 година неговитот расказ Последната Солза е избран за расказ на годината. Закопана Вистина е единствена книга објавена од него во 2022 година и истата за една година доживува три изданија.

MKD / EUR
MKD Македонски денар