БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С4Е1 Книга „Succubus” од Катерина Шошко

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ
е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.

Гостин:
КАТЕРИНА ШОШКО е родена на 3 септември, 1986 во Скопје, Македонија.
Средното образование го добива во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Во 2008 дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на насоката Политички науки, а во 2013 магистрирала на истиот факултет, на насоката Применета политика.
Од 2011 пишува за домашни електронски медиуми, а во моментов работи како СЕО контент, веб и блог писателка.
Во 2016 година, издавачката куќа Слово Љубве го издава нејзиниот прв роман, психолошко-криминалниот трилер „Крвава Месечина“ кој во 2017 година ја доби наградата на Фондација Македоника за книга на месец февруари.
Во 2020 година, издавачката куќа Антолог го издава нејзиниот втор роман, натприродниот трилер „Случајот Чернобог“ кој влезе во потесниот круг на конкурсот „Роман на годината“.
Во февруари 2023, излезе нејзиниот трет роман, историската фикција „Succubus“, исто така во издание на Антолог.

MKD / EUR
EUR Евра