БОИ, ВИНО, СУПЕР АТМОСФЕРА: Изработи автентични и оригинални подметачи од дрво, што ќе го разубават секое ваше наздравување!
Да го прославиме денот на жената на поинаков начин!
Во текот на работилницата, ќе имате можност да создадете уникатни подметачи од дрво, кои ќе бидат ваша рачна изработка.
Под менторство на Сара Томевска, која изработува производи од дрво, и е основач на КРУКЧЕ, ќе имате можност да се инспирирате и да дознаете нешто повеќе за оваа уметност.
Но, тоа не е се! За да ја направиме атмосферата уште повесела и динамична, ќе има и забавен квиз полн со изненадувања, прашања и награди, каде што ќе можете да се забавувате со сите учесници, а ќе го води Изабела Пан.
Не само што ќе се опуштите и забавувате, туку ќе го носите дома својот личен, рачно изработен подметач како сувенир од оваа незаборавна вечер.
Придружете ни се за еден незаборавен креативен и опуштен момент!
08.03 Сабота 17:00ч Јавна соба Цена на билет: 800ден.
Онлајн билети на www.zlatenzab.mk Резервации на 070429297

БОИ, ВИНО И ЛИЧЕН ПЕЧАТ НА ДРВО
17:00 to 19:00 - 8 марта, 2025
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions