„Јас сум дете на деведесеттите“- стенд ап комедија со Филип Угреновиќ
20:00 to 21:03 - 26 марта, 2026
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions

Претставата „Јас сум дете на деведесеттите“ не е трагедија, туку приказна за едно детство и за едно време гледано низ очите на дете.
Децата си се деца –сè им е убаво и смешно, во сè уживаат.
Децата на деведесеттите со иста леснотија се воодушевуваа и од Game Boy конзолата, но и од сликичка соавтомобилчиња од „Turbo“  гуми за џвакање.
Подеднакво ги гледавме „Сплетки“, „Тропска горештина“ , „Твин Пикс“ и „Третиот камен од сонцето“.
Оваа претстава е приказна за генерација што сонуваше сто марки, а во јаве имаше сок „Step“; за генерација што сакаше да оди на плажа и да ги види Мич Бјукенон и Си Џеј, но
во најдобар случај стигнуваше до Паралија.
Отвораме досие Икс, играме вселенски баскет, сонуваме син слон и двесте милиони долари во кеш.
Заедно патуваме од циркусот „Суарез“ на Касандра, преку гимназијата „Енџел Гроув“ до Беверли Хилс, читајќи „Хупер, Базар и Практична жена“ и играјќи мрсни фоти со сладолед „Лени. Капри, Рум коктел“ ворака.
Не дозволуваме од носталгичните соништа да нè разбуди некоја сирена за воздушна опасност или нешто погласно – на пример правосмукалката „Слобода“ од Чачак.
Ако децата на деведесеттите нешто научија – тоа е дека во секое време ќе најдат начин да се снајдат, сè да го свртат на шега и да уживаат во животот.
Се гледаме на стенд-ап комедијата „Јас сум дете на деведесеттите“...
Да се обидеме да дознаеме какво ли е времето од другата страна на виножитото.
А ако никогаш не сте врескале од смеа на случувањата од оваа деценија, полека – вресокот допрва ќе започне!
Билетите се во продажба на zlatenzab.mk по цена од 400 денари и 500 денари на ден на настап

26.03.26
20:00
Public Room

Organizator

Ticket detail

  • Цена 400 Ден   Седишта 150
  • Купи Карта
    Submit

Export

Location

This product currently has no customers
MKD / EUR
EUR Еуро