Пингвинот-интерактивна експериментална монодрама
20:00 to 21:30 - 22 septembra, 2024
Котур Кафе и филм, Никола Вапцаров бр.8 Скопје Get directions
Авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ
работен според текстот Every Brilliant Thing на Данкан Мекмилан и Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог
Концепт и режија: Тамара Стојаноска
Игра: Лео Поповиќ
Превод: Лео Поповиќ
Избор на музика: Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ / вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајнер на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје
Фотографија и видео: Тамара Малкоска
Времетраење: 90 мин.
Цена на билет: 400 денари
Локација: Котур Кафе и филм
ул. Никола Вапцаров бр.8 Скопје
 „Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сеуште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје.

Organizator

Export

Location

Order Qty Total
2

Total quantity sold : 2

MKD / EUR
EUR Еуро