ПАЦИЕНТИ – Урнебесна Комедија
19:30 to 20:30 - 10 децембра, 2022
НУЦК Григор Прличев - Охрид, Кеј Македонија бр.4 Get directions

Дата: 10.12.2022
Час: 19:30
ПАЦИЕНТИ - Урнебесна комедија- ПРЕМИЕРА
Режија: Ѓорѓи Ризески
Продукција: Театар Провокација
Играат: Мирјана Поповска Ристов, Роберт Ристов, Радо Алексовски
Сценографија: Роберт Ристов
Автор на плакат и ликовно-сценски решенија: Игор Љубовчевски-Љубац
Локација: НУЦК Григор Прличев- Охрид
Времетраење: 80 мин.
Повеќе инфо: „ПАЦИЕНТИ“ е насловот на најновата хит- комедијана ТЕАТАР Провокација.
Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот.
Ова се ситуации во кои ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземе во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено.
Тој - хроничен алкохоличар, таа - хистерична аждаја. Незнаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.
Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски.
Режијата е на Ѓорѓи Ризески, кој е потпишан и на режијата на претставата „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ...“ на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА.

Days
Hours
Mins
Secs

Organizator

Export

Location

Order Qty Total
3
2
5

Total quantity sold : 10

MKD / EUR
MKD Македонски денар