ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО – ДАЛИ Е ВОЗМОЖНО? Предавање на Крешимир Мишак
19:00 to 21:00 - 20 фебруара, 2026
Културно-Информативен Центар (Салон 19,19)-Скопје, Филип Втори Македонски б.б. (Моша Пијаде) СКОПЈЕ Get directions
Авторот на култната емисија „На Рубу Знаности“, легендарниот Крешимир Мишак повторно во Македонија со три предавања во Скопје! 
Дали патувањето низ времето е возможно?

Патувањето низ времето е класична тема на научната фантастика уште од 1895 година, кога Х. Џ. Велс го објави славниот роман „Временска машина“, во кој главниот јунак со помош на времеплов отпатува 30 милиони години во иднината. Од тогаш до денес, на оваа тема е потрошено многу мастило. Истражувањето на природата на времето нè води до големи прашања за самата природа на стварноста, за испреплетувањето и меѓусебното дејство на нашата перцепција и она што го нарекуваме реалност, како и до храбри замисли дека времето е само привид создаден од нашата свест, налик на некаква огромна проекција во нашиот ум.

Најголемиот проблем со кој се соочува секој што сака да патува низ времето е тоа што никој всушност не знае што е времето. Постојат стотици дефиниции, и веројатно сите се делумно точни – што значи дека се и делумно погрешни.

Што е времето? Дали е можно да се манипулира со протокот на времето? Дали е можно да се патува низ времето? И на крајот, дали некој го остварил тој подвиг? Во обидот да се дојде до одговорите, ниту една информација не била доволно необична за да не биде вклучена заедно со другите во книгата и предавањата на Крешимир Мишак, кој покажа дека зборот „невозможно“ е само одраз на непроверени претстави и вградени уверувања.

Датум и час на одржување на настанот: 20.02.2026 19ч
Локација на одржување на настанот: Салон 19,19-Скопје
Билети во предпродажба - 500мкд до 17/02, од 18/02 - 700мкд

Organizator

Ticket detail

  • Цена 500 Ден   Седишта 30
  • Купи Карта
    Submit

Export

Location

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар