Насликај ја својата приказна: Изрази ја љубовта преку боите“
Ве покануваме на една многу интересна креативна работилница на која ќе имате можност да допрете до вашата креативност и инспирирани од љубовта да создадете ваше уникатно уметничко дело на платно во релаксирана и опуштена атмосфера.
Идејата на работилницата е да ја претставите Вашата замисла и перцепција за љубовта, сликајќи ја на платно со бои.

Апстракцијата не познава граници, затоа, „одлепете„ на платното
За оваа работилница не е потребно никакво предзнаење и искуство за сликарство и уметност - академскиот сликар Јана Николовска ќе ве води низ целиот процес.
Сите материјали се обезбедени од наша страна -
На Вас ви е потребна насмевка и спремност да се нурнете во едно ново и интересно искуство.
Сакаме да нагласиме дека работилницата не е само за парови, добродојдени се сите расположени за творење и дружење.
И секако, за поголема инспирација Ви следува една чаша вино во која ќе уживате додека творите.
Местата се ограничени