Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст
Недела 15.09. 2024
од 11:00ч.
во PUBLIC ROOM
цена на билет 200 ден.
*Со купениот билет влегуваат 1 родител и едно дете

Куклената претстава „Другарство“ е интерактивна претстава за најмалата публика, во која темата е другарството и сето она што го подразбира вистинскиот другарски однос.
Претставта има за цел да ги едуцира децата и поттикне да реагираат и побараат помош, доколку се жртва на врсничко насилство, или доколку забележат знаци на булинг во средината која ги опкружува. Меѓусебното отуѓување на децата, поради новиот начин на живот, наречен „дигитализација“ е една од темите кои се опфатени во оваа претстава.
Во минатото под поимот другарство се подразбираше некој, со кого постојано си заедно, си кажуваш тајни, играте надвор криенка, ластик, фудбал и други игри, во денешно време зад поимот другарство се крие некој, кој дури и немораш ни да го познаваш, туку поминувате заедно време преку игри на компјутер или на телефон и на тој начин комуницирате, укажувајќи им на децата, дека поминатото време надвор, со своите другари, ништо не може да го замени.
Низ сите неволји и тајни низ кои минуваат овие наши карактери, вклучувајќи го и булингот, кој не подразбира само физичко малтретирање туку и навреди, омаловажување, уцени и други видови на психичка пресија, децата ќе увидат дека некој што го познааш само преку компјутер, не може да ти помогне, како некој кој постојано е со тебе.
Низ игра, смеа и детски лудости, ќе ги потикнеме дечињата на игра - надвор од своите четири ѕида.Играат: МИРЈАНА П: РИСТОВ, РАДО АЛЕКСОВСКИ и РОБЕРТ РИСТОВ
Дизајн и изработка на кукли: ЦВЕТИН АНИЧИЌ

Сценографија: РОБЕРТ РИСТОВ
Аудио продуцент: ГОРАН ПАЈАК ТРИФУНОВСКИ
Дизајн на плакат: САРА ПАНОВСКА
Режија и текст: РОБЕРТ РИСТОВ
Дизајн на плакат: САРА ПАНОВСКА
Режија и текст: РОБЕРТ РИСТОВ