„ДОБРИТЕ ЛОШКОВЦИ“ – повторно на сцена, по барање на публиката! ![]()
По бројните насмевки, аплаузи и пораки од малите и големите фанови, со радост објавуваме:
ВТОР И ПОСЛЕДЕН ТЕРМИН на хит-претставата „Добрите Лошковци“!
Подгответе се за незаборавна детска авантура во која трите „страшковци“ – духот Пух, вампирот Веге и вештерката Светле – ќе ве поведат низ свет исполнет со смеа, песна и неочекувани поуки.
Тие сакаат да бидат зли... ама нешто не им оди!
Преку многу музика, интеракција и комични ситуации, децата учат дека:
да се исмеваш или навредуваш не е кул,
пријателството и сочувството се вистинската сила,
и дека секој може да биде херој – на свој добар начин!
Кога публиката ќе се вклучи и заедно со јунаците го создаде Советот на добрите лошковци, магијата е потполна!
Возраст: 3+ ![]()
Времетраење: 40 минути
Не ја пропуштајте оваа можност – вториот и последен термин е навистина последен!
Добрината повторно ќе победи – со многу смеа, музика и љубов!
„Добрите Лошковци“- претстава за деца
11:00 to 11:40 - 23 новембра, 2025
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions
