„ГРЕТА“ *** ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМАТА „БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО***
19:30 to 20:30 - 7 septembra, 2022
МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО Get directions

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУО ДРАМА „ БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО
Дата: 07.09.2022
Час: 19:30
Локација: МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ГРЕТА“ - ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ, Скопје
Цена на билетот: 100 ден.

Според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете
Режисер: Тамара Стојаноска
Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажовски
Превод: Тамара Стојаноска и Ане Блажовски
Музика: Лука Тошев
Вокал: Дина Јашари
Дизајн на плакат, маски, портрети: Бојана Цилевска
Изработка на сценографија: Слободан Петрушевски
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“
Фотографија: Јани Патче
Спонзор на претставата: ВИТАЛИА

Голема благодарност до Македонски народен театар, Анастасија Ласовска, Драгиша Стојанов, Марија Чедомировска и АРС ЛАМИНА
Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.
„Пробата треба да носи радост. Зашто за пробата се одделува половината од секој ден во тек на целиот живот. И, по напорните проби, ако излезе дури и добра претстава – тоа не ќе ги покрие загубите.“-А. Ефрос.

Organizator

  • Театар Провокација

Export

Location

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар