„Генерална проба“-театарска претстава
20:00 to 21:10 - 11 новембра, 2025
Културно-Информативен Центар (Салон 19,19)-Скопје, Филип Втори Македонски б.б. (Моша Пијаде) СКОПЈЕ Get directions

„Генерална проба“ е траги-комедија за љубовта,театарот и животот како недовршена сцена,како вечна репетиција без премиера.Двајца актери, менувајќи маски и идентитети,играат спектар на љубовни врски,од комичност до трагичност,од страст до празнина,од блискост до разделба.
Секој од тие парови се наоѓа во момент на егзистенцијално и емоционално преиспитување веднаш по водење на љубов.
Претставата е искрено и директно истражување на љубовта,сексуалноста,самоизмамата и потрагата по смислата на постоењето.Соголувањето,симнувањето и менувањето на маски,лицемерието,сé е тоа дел од нашето секојдневие,а овде конкретно е прикажано преку темата-ЉУБОВ,но дали таа се сведува само на сексуално задоволство, физичка привлечност и оргазам?
Во хотелска соба,која е еден сценски импровизиран микрокосмос и театар,љубовта секогаш останува во статус "проба".
Ова е момент пред премиера,потрага по совршенство,простор на неизвесност,недовршеност и ризик.Такви се односите на овие 12 ликови,постојана проба на љубов,која никогаш не доаѓа до реализација.
Таа соба е истовремено реален и симболичен простор,место на телесна средба,но и на театарска илузија.Во тој двоен простор,љубовта се претставува како недовршен текст што секој пат се препишува одново.
Лош текст,лоша режија,без крај,без концепт...налик на животот!
Суета,его,надменост,себичност,нарцисоидност-се што е човекот-актерот!
„Генерална проба“ НЕ ВЕТУВА ПРЕМИЕРА!!!
Таа останува само генерална проба,како и нашите животи,кои никогаш не достигнуваат совршенство,туку само низа на обиди,репетиции и незавршени љубови.

Текст и режија: Радо Алексовски
Играат: Ирена Илиевска и Радо Алексовски
Времетраење: 1 час и 10мин.
Датум: 11ти Ноември
Час: 20:00
Место: Културно информативен центар-Салон 19:19

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА ЛИЦА ПОД 16 ГОД.

Organizator

Ticket detail

  • Цена 330 Ден   Седишта 100
  • Купи Карта
    Submit

Export

Location

Order Qty Total
2

Total quantity sold : 2

MKD / EUR
MKD Македонски денар