Перформансот започнува така што на самиот влез, секое од децата добива цртање на лице по негов избор. Откако децата ќе се сместат на своите седишта, се појавува Супер Вселенко кој откако ќе се запознае со нив, им го раскажува својот проблем со неговиот другар Каспи. Вселенко бил на Земјата и сега се враќа на месечината, за неговите мали пријатели (Децата од публика), да му помогнат да ја научи разликата помеѓу доброто и лошо за да може да се врати на Земјата и да го пренесе знаењето на својот пријател Каспи и останатите луѓе!
ЕДУКАТИВНИ ТЕРМИНИ: - Разликуваме добро од лошо - Бон тон - Грижа за себеси и животната средина Откако ќе се запознаат со приказната и зошто се тука, Вселенко ги дели во групи и секоја група добива задача која треба да ја заврши и која има едукативен исход. На крајот од работилницата, како награда за успешно завршена мисија, децата добиваат забава и анимации.
ВСЕЛЕНСКА МИСИЈА – работилница за деца
13:00 to 14:00 - 14 априла, 2024
Кафе Бар Синдикат, Орце Николов 97, Скопје Get directions