Авторот на култната емисија „На Рубу Знаности“, легендарниот Крешимир Мишак повторно во Македонија!
По одличното предавање во Свети Николе во септември годинава, еден од најголемите умови на денешницата повторно доаѓа во Македонија со специјално предавање насловено „ТРАНСХУМАНИЗМОТ Е ПРЕД ВРАТАТА, А КАДЕ СИ ТИ?“.
Во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет, неформалниот културно-уметнички колектив „Аристон“, КИЦ Битола, КИЦ Скопје и киното Киноверзум, Крешимир Мишак ќе одржи три предавања во Битола, Штип и Скопје.
Медиумски покровители на настаните се првиот дневен весник во државата „Нова Македонија“ заедно со интернет порталот и youtube каналот од Хрватска „АТМА“.
Не ја пропуштајте оваа ексклузивна можност да се запознаете со Крешимир Мишак и да слушнете повеќе за неговите истражувања и објавени книги. Ве очекуваме!
- ДОКОЛКУ ГО КУПИТЕ КОМПЛЕТОТ КНИГИ (10) од Крешимир Мишак on line од платформата AUROOM.STORE на следниов линк:
https://auroom.store/product/paket-10-knigi-od-kresimir-misak-2/
добивате можност книгите да бидат потпишани од авторот и гратис билет за предавањето во еден од градовите (Штип, Битола, Скопjе) по ваш избор !!!