„ОЖЕНИ МЕ“ *** ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМАТА „БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО***
21:00 to 22:00 - 6 septembra, 2022
МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО Get directions

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУО ДРАМА „ БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО
Дата: 06.09.2022
Час: 21:00
Локација: МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ОЖЕНИ МЕ“ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА, Скопје
Цена на билетот: 100 ден.
Режија: Роберт Ристов
Играат: Изабела Јакимова и Бранко Атанасов
Саксофонист: (изведувач во живо) Бобан Цветановски
Костимографија: Елена Лука
Сценографија и драматизација: Роберт Ристов.

„ОЖЕНИ МЕ“ е насловот на една од двете претстави (ОЖЕНИ МЕ и РАЗВЕДИ МЕ) кои всушност се две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО на претставите со заеднички наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/претстави кои претставуваат лице и опачина, едната на другата.
Ако мракот значи недостиг на светлината, а црвената ни го означува присуството на љубовта, дали во миговите на бес, при намаленото присуство на светлина, умееме да го согледаме присуството на нијансите на црвена? Дали љубовта кон себе си го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската во која се наоѓаме? Дали љубовта треба и да боли или само да нè разнежнува и мотивира да растеме и да се менуваме?  Дали таа е „прекинувачот“ за нашата среќа? Дали љубовта мора да секруниса со БРАК, или бракот е само старомодна архаична институција со која општеството го стигматизира човекот за да може полесно да го манипулира? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).
Проектот „Ожениме“ е финансиран од Министерството за културана РСМ  и Општина ГазиБаба.
Автор на костимите, а воедно и спонзор н аистите, е Елена Лука.
Режијата и сценографското решение се наРоберт Ристов.

Повеќе инфо: https://www.youtube.com/watch?v=Tgf88_byhWg

Organizator

  • Театар Провокација

Export

Location

Please add the product shortcode attribute when not displaying on a Product's page
MKD / EUR
MKD Македонски денар