ДЕТСКА ПРЕТСТАВА “Супер Вселенко и роденденската торта”
11:00 to 12:00 - 25 новембра, 2023
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions

“Супер Вселенко и роденденската торта” е детска интерактивна претстава која ја раскажува приказната од магичната шума каде што Еленот бизнисмен го вработува Супер Вселенко како доставувач на торти. Но Вселенко доаѓа од Месечината и се што сака е да си игра, па така, носејќи ја тортата до славиникот, ќе се заигра со дечињата и ќе ја заборави. Гавранот, кој постојано краде торти, ќе најде начин да ја украде.

Низ интеракција, забава и многу помош од нашите другарчиња, Вселенко ќе успее да ја спаси тортата но и да ја дознае тајната на Гавранко!

Автор на текстот е Изабела Јакимова која го толкува ликот на Супер Вселенко, кој е популарен низ родендените во Скопје и пошироко. Изабела работи со детски претстави повеќе од шест години. А е особено позната меѓу младите со нејзината улова во ТВ серијата “ПЕТ ПЛУС” каде ја игра Алек. Таа е автор на најпопуларната новогодишна претстава “Каде е Рудолф?” која минатата година патуваше низ Македонија и наиде на огромен успех!
Освен тоа е добитничка на Златна плакета за најдобра улога во краткометражниот филм “Донка”, како и најдобар актер за дуо драмата “Ожени ме” на фестивалот “Бранко Ѓорчев” во Неготино.
Изабела работи со деца со претходно смислен концепт. Игрите и вежбите се создадени низ процесот на масгистерската која моментално ја завршува во Нови Сад, Србија.
Освен забава, низ нејзините претстави, децата се едуцираат на најразлични теми, ја развиваат моториката како и комуникациските вештини.

Дата:25.11.2023
Час: 11:00
Место: Јавна Соба /Скопје/Public Room
Цена на билет: 200 денари

Organizator

Export

Location

Order Qty Total
2
2
3
4
2
3
3
1
2
5
5
2
20

Total quantity sold : 54

MKD / EUR
MKD Македонски денар