Ивана Наскова е дете за кое прво се секираа дали ќе прозбори, а штом прозборе не престана. Бидејќи нејзините не можеа да издржат да ја слушаат цел ден како збори, со само 6 годинки ја пуштаат на радио. Таму зборува со саати  е водител на неколку емисии, а нејзиното шоу „Вечер со Ивана“ руши рекорди на слушаност.

17 години јавноста се “мачи“ со Ивана слушајќи ја на радио и гледајќи ја на телевизија.

Бидејќи не може да преживее само од тоа, зпочнува да пишува книги, снима реклами, но на крај сепак сфаќа дека парите се во Стендап Комедијата.

Сакајќи да биде многу богата започннува да работи како комичар. Вози Порше и живее на Мајами во своите соништа, само кога ќе успее да се наспие повеќе од 5 часа.

Родена е 1989 г. во Велес. Се школува во Св. Николе. Дипломира и магистрира во Скопје. Долги  години македонската јавност ја познава како Радио и Тв водителка, започнувајќи на Радио Св. Николе, Канал 77, Клуб ФМ паралелно појавувајќи се на Тв екраните на Тв Свет, АБ Канал, Алсат, 24 Вести, Сител, Канал 5, Алфа.

Автор е на романите со љубовна тематика:

„Совршениот странец" (2017),

„Вети ќе ме сакаш" (2019),

„Секогаш те одбирав тебе" (2021),

И на трилерот „Сестра" (2020).

Работи стендап повеќе години. Има успепешни настапи низ Македонија и надвор од земјата.

  • 2018та настапува во Братислава, Словачка заедно со познати стендап комичари од Америка кои работат Stand Up Comedy повеќе од 10 години.
  • 2019та настапува во Загреб, Хрватска пред публика која брои повеќе од 600 луѓе, а Ивана беше единствениот претставник од Македонија на „Top lista regionalista".
  • 2020та три месеци престојува во Чикаго, Америка на покана за учество на Балкански Стендап.

Во Македонија има бројни самостојни настапи и настапува како специјален гостин со стендап комичари од регионот (2015-2020).

 

  • Настап на Скопско културно лето
  • Настап во Дом на АРМ, Скопје
  • Настап на Карпошево лето, Скопје
  • Настапи во клубови во Скопје и ширум Македонија
  • Настап за дочек на Нова Година, Хотел Merriott со Stand Up Comedy night
  • Безконцептуална стендап турнеја во културните центри во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга

Хуморот на Ивана опфаќа шеги на сметка машко-женски односи, бракот и врските.

Едно секојдневие набљудувано од окото на Ивана, ситуации и  приказни во кои ќе се пронајдете.

 

MKD / EUR
EUR Еуро