Ве покануваме на едукативно еколошката, интерактивна детска претстава ,,Волшебната шума" на Театар Колозов со воспитна цел за градење на свеста, наменета за возраст во која се калеми општата култура за доброто утре. Во претставата низ низа комични перипетии и волшебни моменти учиме за емпатијата, грижата за природата и простувањето.
Кралот на шумата Еко, успева да ја научи принцезата Гордица како културно да се однесува и заедно да ги спасат шумите и царството од вештерката Оф-Леле.
Претставата е со комплетна оригинална костимографија и сценографија.
Кога: 16.12.2025 Вторник | 18:00 часот.
Каде: на сцената во Јавна Соба / Public Room
Времетраење: 50 мин.
Билет 300 денари
* Влезот за возрасните е бесплатен!
Местата се ограничени!
Бидете добро и се гледаме на претстава! 
Храна и пијалоци во Јавна соба се наплаќа само до картичка
