Подгответе се за незаборавна детска авантура во која трите „страшковци“ – духот Пух, вампирот Веге и вештерката Светле – ќе ве поведат низ свет исполнет со смеа, песна и неочекувани поуки.
Тие сакаат да бидат зли... ама нешто не им оди!
Преку многу музика, интеракција и комични ситуации, децата учат дека:
да се исмеваш или навредуваш не е кул,
пријателството и сочувството се вистинската сила,
и дека секој може да биде херој – на свој добар начин!
Кога публиката ќе се вклучи и заедно со јунаците го создаде Советот на добрите лошковци, магијата е потполна!
Возраст: 5+
Времетраење: 40 минути
Не ја пропуштајте оваа можност!
Добрината повторно ќе победи – со многу смеа, музика и љубов!
Билет: 300 ден РОДИТЕЛИ НЕ ПЛАЌААТ!
Пијачки и храна во Public room се наплаќа со картичка!
ДОБРИТЕ ЛОШКОВЦИ- претстава за деца
11:00 to 11:40 - март 1, 2026
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions
